Мода

ПАРИЧНИКОТ ПОЛН, А ВИЕ ШИК:ОВА СЕ СОВЕТИ ЗА МУДАР ШОПИНГ!

Добриот  стил не значи дека треба да се трошат многу пари на сите трендовски парчиња. Еве неколку совети за тоа како да се биде во тренд, а да потрошите помалку пари.

1. ДА ОТКРИЕТЕ КОИ СЕ ВАШИТЕ ДОБРИ СТРАНИ И КАКО ДА ГИ ИСТАКНЕТЕ!

Најсексапилниот дел од Вашето тело не мора да бидат градите, задникот или нозете.Можеби и не сте свесни дека клучната коска ,зглобовите и вратот се сметаат за екстремно женствени. Истакнете ги со добро парче накит или облека.

2. ВАЖНО Е ДА СИ ГО ПОЗНАВАТЕ ВАШЕТО ТЕЛО И КОИ КРОЕВИ НАЈДОБРО МУ ОДГОВАРААТ НА ВАШЕТО ТЕЛО!

Парчињата облека во форма на трапез може да одговараат на секоја форма на тело ако добро знаете да ги искомбинирате и да ги носите, а да не се изгуби нивната форма, исто така еден сантиметар подолга или пократка сукња или панталони моѓе да направат огромна разлика во Вашата фигура.

3. ДОБАР КРОЈАЧ Е МНОГУ ВАЖНО

Мжете ефтините парчиња облека да ги направите да изгледаат скапо и исто како да се направени за вас, а старите маици и сукњи можете исто така да ги трансформирате да бидат во тренд.

4. ПРАВИЛНО ИЗБРАНАТА ДОЛНА ОБЛЕКА СЕКОГАШ ЈА ПОДОБРУВА ВАШАТА ФИГУРА

Многу од Вас не знаат колку различни видови долна облека и корсети постојат, а правилно избраниот може да ја направи Вашата силуета привлечна.

5. СЛОЕВИТИОТ НАЧИН НА ОБЛЕКА МОЖЕ ДА БИДЕ ОДЛИЧЕН ЗА ПРЕМИН ОД ЕДНА СЕЗОНА ВО ДРУГА

На прмер, можете да облечете бела кошула-фустан во комбинација со црни хулахопки и црни високи чизми и кожна јакна и на тој начин да да дојде до израз леснотијата на материјалот на кошулата -фустан и крајниот резултатот би бил одлична тренд комбинација.

6. ПАРЧЕ ОБЛЕКА КОЕ БИ ОДГОВАРАЛО НА СЕКОЈ ОБЛИК НА ТЕЛОТО

Секој треба да поседува барем едн фустан во трапезоидна форма или А-линија , бидејќи таквите фустани одговараат на секоја фигура на тело. Внимавајте на материјалот. Повеќе материјал може да го уништи фустанот, а Вашата фигура да не биде добро истакната во таквиот фустан.

7. НЕ ШТЕДЕТЕ НА ДОБРО САКО И ЈАКНА

Тоа се парчињата облека за кои не треба да се штеди и кои многу лесно можете да ги комбинирате за секоја пригода, на безброј начини и таа инвестиција е многу исплатлива.

8. ПРИ ИЗБОРОТ НА ФАРМЕРКИ НЕ ЈА ГЛЕДАЈТЕ ЦЕНАТА И МАТЕРИЈАЛОТ

Ефтините фармерки можат да изгледаат феноменално доколку знаете добро да го изберете бројот и моделот на фармерките кои би ви одговарале според вашиот облик на тело.

Напиши коментар