Дестинации

Париз град на светлината, Вегас град на гревот – тајните зад прекарите на светските метрополи

Дознајте што се крие зад најпознатите прекари на светските метрополи.

Њујорк – Големо јаболко

И ако се сметало дека овој прекар е постар, неодамнешните истражувања покажале дека за „Голематото јаболко“ е заслужен писателот Едвард Мартин, кој денешниот прекар го спомнал во книгата „The Wayfarer of New York“. Тој пишувал дека граѓаните од другите градови Њујорчаните ги сметаат за арогантни и алчни, нарекувајки ги и меѓу друѓото и – големи скапани јаболка. Њујорк и покрај тоа денеска е еден од најпопуларните туристички градови на светот.

Лондон – Стар чад

Лондон од секогаш бил зачадено место, но големиот смог од 1952 година во потполност го оправдал тоа име. Во текот на петте последователни денови воздухот се загадил толку што убил повеќе од четири илјади луѓе!

Париз – Град на љубовта

Париз бил прв град во Европа кој почнал да го користи јавното осветлување, а поради раскошно осветлената Ајфелова кула, често го нарекуваат и град на светлината. Секако, целиот град е идеален за прошетки со партнерот, а дури и францускиот јазик се нарекува јазик на љубовта.

Сингапур – Град на лавот

Зборот „Сингапур“ од англиски дословно се преведува како „Град на лавот“. Основач на градот, сер Стемфорд Рефлс, објаснил дека ова име го одбрал одкако го видел „мерлион“ (мелез од лав и сирена). Легендата е интересна, и ако овдека никогаш немало ни лавови ни сирени.

Амстердам – Венеција на север

Главниот град на Холандијаго го сечат повеќе од 100 километри канали. Поради тоа всушност, Амстердам често го споредуваат со најпознатиот град со канали – Венеција. И ако тоа им е единственото заедничко, за прекарот очигледно било доволно.

Филаделфија – Град на братската љубов

Основачот на градот, Вилијам Пен, сакал да направи место каде сите ќе можат да живеат во љубов и слога. Поради тоа споил два збора на старогрчки – ,philos’, што значи љубов и adelphos’, што го преведуваме како брат. Така Филаделфија станала и останала град на братската љубов.

3-pariz-grad-na-svetlinata-vegas-grad-na-grevot-tajnite-zad-prekarite-na-svetskite-metropoli-keif.mk

Ерусалим – Свет град

Овдека некое особено објаснување не ни треба. Ерусалим има големо значение и светост за сите три големи монотеистички религии: христијанство, јудаизам и исламот. Некои од најсветлите места за аџиите на сите три религии можат да се најдат баш во овој град, а заедничка им е „Храмската гора“.

Мумбај – Град на соништата

Мумбај ова име го го заслужил бидејќи е најбогат град во Индија, па не е ни чудно што во него многумина доаѓаат да бараат подобра работа и живот. Некои се обидуваат да успејат на сите можни начини, а овдека е сместен и Боливуд.

Лас Вегас – Град на гревот

Градот се наоѓа во средината на пустината Невада и денеска е најпознат по големиот број на коцкарници каде што ретко кој заработува, а повеќето ги губат парите. Тука можат да се најдат сите пороци, така да Лас Вегас совршено го заслужува својот прекар.

4-pariz-grad-na-svetlinata-vegas-grad-na-grevot-tajnite-zad-prekarite-na-svetskite-metropoli-keif.mk

Напиши коментар