Мојата кујна

Паста со броколи и туна

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 грама шпагети или макарони (по желба)

250 грама броколи

100 грама зелени маслинки

Сок и рендана кора од лимон

200 грама туна во масло

1 лажица маслиново масло + масло со посипување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тестенините нека се сварат во солена вода. За тоа време исецкајте ги броколите на парченца. Тестенините нека се варат 6 минути, па потоа додадете ги броколите во истата вода и оставете да се варат уште 4 минути.

Додека се варат, исецкајте ги маслинките и помешајте ги со туната, сокот и кората од лимон.

Исцедете ги од вода тестенините и прокудите и додадете ги во садот со туната. Сипете маслиново масло и се убаво измешајте.

Пред да послужите посипете уште малку маслиново масло, додека на љубителите на лути вкусови им препорачуваме да додадат бибер чиј вкус совршено оди со оваа паста.

Имајте добар апетит!

Write A Comment