Здраво тело

Пченката како превенција од некои видови рак

Редовната конзумација на пченка го снабдува човечкиот организам со сите неопходни микроелементи за доброто здравје. Пченката го штити срцето од разни болести, вклучително и диабет.

Луѓето кои јадат пченка секојдневно примаат 22% повеќе растителни влакна кои се неопходни за правилна функција на дигестивниот систем и се дел од здравиот режим на исхрана.

Пченката цвета крајот на летото, а плодовите зреат септември и почетокот на октомври. Меѓутоа и замрзната пченка не ги губи своите полезни квалитети.

Супстанциите во пченката се користат при лечење на нарушување на размената на материи како и во борбата со лошиот холестерол.

Пченката е полезна при мускулна атрофија, може да го компензира недостатокот на телесна маса без да предизвика штета на организмот.

Пченката се користи во медицината и во козметиката. Добра е за ноктите, забите и косата.

Последните студии велат дека редовната конзумација на пченка претставува еден вид превенција од повеќето видови карциноми, па затоа советуваат пченката да биде дел од нашиот режим на исхрана.

Освен тоа пченката помага во процесот на елиминирање на штетните токсини кои се наталожиле во организмот или го неутрализира нивното дејство.

Напиши коментар