Мојата кујна

Печен црн патлиџан во бешамел сос

Состојки:

2 поголеми црни патлиџани

2 шолји рендан кашкавал

2 лажици босилек

3 лажици презла

сол, масло

За бешамелот:

3 лажици масло

2 лажици путер

1 лажица брашно

1,5 шолји млеко

1/4 лажиче лук во прав

2 лажици пармезан

сол, бибер, зачини по желба

Подготовка:

Патлиџаните убаво измијте ги и исечете ги на тенки кругови (во овој рецепт не се лупат, но тоа го оставаме на вас). Посолете ги и оставете ги да постојат половина час. Потоа избришете ги со хартиени салфетки, ставете ги во подмачкана тава и одгоре намачкајте ги со масло и потпечете ги 10 минути.

Во тоа време направете го бешамел сосот така што ќе ги загреете маслото и путерот, па полека со мешање ќе му го додадете брашното и ќе го пропржите на ниска температура додека не пожолти малку. Потоа додајте го млекото и зачините, па со мешање (со маталка за да нема грутки) нека повари додека да се згусне. Пред крај додадете го пармезанот и тргнете го од оган.

Помала тава, по можност керамичка намачкајте ја со масло и посипете ја со презла. Ставете ред од патлиџаните, посипете со рендан кашкавал, па со ситно исечканиот босилек, и на крај на секој круг од патлиџанот ставете по малку од сосот. Повторете ја постапката додека не го потрошите материјалот, само на крај врз патлиџаните ставете прво од сосот, а потоа останатиот рендан кашкавал. Во помала тава доаѓаат три реда патлиџан. Вака наредената тава покријте ја со алуминиумска фолија и печете 30 минути на 220 степени. На крај тргнете ја фолијата и печете уште десетина минути додека не се вцрви убаво. Сервирајте и уживајте.

Напиши коментар