ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1 француски леб
– 100 г. путер на собна температура
– 200 г. гауда сирење
– 2 лажици маслиново масло
– 2 чешниња лук
– прстофат сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечете го лукот на половина и истријте го на лебот.
Изрендајте го сирењето и помешајте го со путерот и маслиновото масло.
Намачкајте ги кришките леб со смесата и наредете ги во тепсија.
Печете во рерна загреана на 250 степени, 5 минути.
