Мојата кујна

Печурки полнети со спанаќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 12 големи шампињони

* маслиново масло

* сол, бибер

* 2 главици сечкан кромид

* 2 главици сечкан лук

* 500 гр. спанаќ

* 1 шолја пармезан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На ладно маслиново масло, на среден оган ставете го лукот, а потоа пропржете го и кромидот. Потоа додадете го спанаќот и пржете додека не омекне. Тргнете го од оган и измешајте го со пармезанот.

Шампињоните наредете ги во тава за печење, извадете ги дршките, а потоа наполнете ги со спанаќ. Ставете ги да се печат во загреана рерна, и печете додека не бидат готови. Служете ги топли.

Напиши коментар