Мојата кујна

Пица во филџан готова за неколку минути (Видео)

СОСТОЈКИ:

  • 4 лажици брашно
  • сол
  • 1 прашак за пециво
  • 1 сода бикарбона
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица масло за готвење
  • 1 лажица сос од домати
  • неколку парчиња салама
  • оригано

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

Во голема шолја ставете го брашното, а  потоа додадете го прашакот за пециво и добро измешајте. Потоа додадете ги млекото и маслото за готвење и измешајте. Со ова тестото е готово.

Намачкајте со сос од домати, а одозгора ставете кашкавал. Потоа наредете ја саламата и сето тоа зачинете го со оригано или некој друг пица зачин.

Филџанот со подговотвената пица ставете го во микро печка и печете неколку минути.

 

Напиши коментар