За вишокот на килограми околу стомакот често се виновни мрзеливите црева, кои го спречуваат согорувањето на масните наслаги и елиминацијата на нечистотии од организмот. Нутриционистите тврдат дека за тоа постои решение и тоа многу едноставно. Одговорот лежи во здравиот коктел со суви сливи, кој треба да го конзумирате како појадок. Напитокот направете го навечер и наутро испијте го на празен стомак.
Потребни состојки
- 6 суви сливи
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажица мелено ленено семе
- 1 лажичка какао
- 300 мл кефир
Начин на подготовка
Сувите сливи, прелијте со 100 милилитри провриена вода, а потоа оставите ги да одстојат 10 минути.
За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото. Додадете 300 мл кефир и убаво измешајте.
Сливите ситно исецкајте ги додадете ги во смесата, а потоа ставете го коктелот во фрижидер да одстои преку ноќ и наутро пијте го на празен стомак. По желба можете да додадете и цимет.
Овој напиток го забрзува метаболизмот, а воедно благопријатно делува на кожата, косата и ноктите.