Една од најизненадувачките и ефективни методи за прочистување на организмот од токсините, и чудесен начин за засилување на метаболизмот, е козумирањето на чаша превриена вода наутро на гладен стомак. За да има уште подобар ефект кон водата може да додадете сок од половина лимон и една лажичка мед,
Пробајте, ништо не губите! Сами ќе се убедите колку многу ползи ќе ви донесе за здравјето. А еве и какви се тие:
- Превриената вода ( топла, но не врела) во комбинација со мед и лимон е одлично средство за слабеење. Водата е од особено значење за редуцирање на тежината, а во неа нема никакви калории. Освен тоа пиењето на повеќе вода го потиснува апетитот. Има и друг феномен – често кога си мислиме дека сме гладни, ние всушност сме просто жедни.
- Превриената чаша вода успешно ги лекува кашлицата и настинката. Таа помага за отстранување на токсините и предпазува од болести.
- Има антибактеријско дејство – го лекува воспалението на усната шуплина. А исто така е многу ефектна и при лош здив во устата.
- Дејствува како филтер за организмот и го засилува имунитетот.
- Сокот од лимон во комбинација со топла вода го засилува метаболизмот.
- Делува смирувачки на нервниот систем.
- Полни со енергија преку целиот ден и за разлика од кафето не го дразни стомакот и не предизвикува киселини, а е вредна за здравјето.
- Лекува хроничен запек.
- Го намалува холестеролот во крвта.
- Ги лекува стомачните болки.