ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
450g пилешки гради, сварени и исечкани
1/2 шолја грчки јогурт
1 лажичка сенф
1/3 шолја суво грозје
1/2 шолја индиски ореви, исечкани
сол и бибер по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Почнете го приготвување на пилешките гради. Можете да ги сварите во пилешка или зеленчукова супа, или пак во вода. Варете ги додека не остане нималку розово.
Додека се варат пилешките гради направете го сосот. Изматете го јогуртот со сенфот, и додадете лук во прав по желба. Додадете сол и бибер по вкус. Потоа додадете го сувото грозје и индиските ореви.
Кога пилешките гради ќе бидат готови оставете ги настрана околу 5 минути. На тој начин соковите ќе останат во нив наместо да се распрскаат кога ќе ги сечете.
Исечкајте ги пилешките гради и измешајте ги со сосот. Можете да сервирате веднаш или да го оставите јадењето во фрижидер.
