Состојки:
500 гр мелено месо
1 главица исецкан кромид
2 мали лажици масло
250 гр зготвен и исецкан спанаќ
1 голема лажица грчки зачин (или мешавина од зачини)
120 гр фета сирење
2 јајца
16 кори за пита
5 големи лажици мек путер
1/4 шолји рендано сирење
сол, бибер
Начин на подготовка:
На масло издинстајте исецкан лук.
Додајте го месото. Динстајте 10-15 минути.
Додајте сол и бибер.
Во голема чинија ставете го изладеното месо, спанаќот и зачините.
Потоа додајте фета сирење и јајца.
Во намастена тепсија со пречник од околу 24 см ставете една по една од корите. Наместете ги корите наизменично од едната, па од другата страна на тепсијата. Секоја кора испрскајте ја со растопен путер и сирење.
Кога ќе ги наредите сите кори, ставете ја смесата од сирење во средината на тепсијата и прекријте со кори.
Врвот премачкајте го со масло и со остатокот од сирењето.
Печете 45 минути на 175 степени.