Sweet Home

Планинска куќа со шарм

Архитектот Пабло Серано Елорди соработуваше со дизајнерката Бланка Елордиво во развојот на оваа шармантна планинска куќа во Барселона.

Постојниот габарит на куќата не можел да се промени, па креативниот тим ја адаптирал гостинската куќа.

Пред се направиле изолација и хидроизолација на кровот, а потоа ја изработиле фасадата и го уредиле ентериерот.

Идеја била отворениот простор во ентериерот да биде под влијание на надворешноста, со цел станарите на куќата да уживаат во големиот двор со прекрасен поглед.

Ентериерот е континуиран простор каде дневната соба, кујната и мала трпезарија ја сочинуваат главната зона. Во спалната соба дизајнерите создале континуиран мебел, со ист под од дрво.

Мебелот во кујната, гарнитурата покрај каминот и мебелот во дневната соба се модуларни.

 

Write A Comment