Иако летото се уште не заврши, дизајнерските продавници се полни со есенски парчиња.
Меѓу нивните полици своето место го најдоа и плетените фустани кои оваа есен ќе бидат едни од омилените парчиња на модните дами.
Изгледаат совршено како посебни парчиња, но се одлични и за слоевито облекување, а што е најдобро од се може да ги носиме и со патики и со штикли.










