Мода

Плишани чевли во кои ќе се вљубите оваа есен

Претходната есен плишот го најави своето присуство во модниот свет, а оваа сезона влегува на голема врата.

Блузи сукњи, фустани, панталони, а сега ќе носиме и чевли од овој мек и нежно сјаен материјал.

Плишот до сега во основа се носеше во длабоки бои како темно црвена, бордо, маслинеста, тегет и секако црна.

Но, на наше изненадување оваа есен пристигнуваат јарки нијанси на црвена, сина, зелена, топла портокалова…

Затоа не се воздржувајте да испробате модели на чевли и чизми во сина и црвена, а комбинирајте ги со плишано сако и аксесоар како чокер исто така од овој мек и софистициран материјал кој ќе ви ја даде потребната елегантна и шик нота.

Во продолжение погледнете кои чевли од плиш ќе бидат хит оваа есен…

Write A Comment