← НАЗАД НА БОЗА

Почнете да го живеете Вашиот рај во вашиот дом!

Почнете да го живеете Вашиот рај во вашиот дом!
821 Читања

Домот е Вашиот рај, а рајот е рај само доколку кога ќе се вратите дома по напорниот ден почнете да се чувствувате свои на своето…

Ослободете се од стресот, подигнете го расположението во Вашиот дом со помош на 10 стручни совети…

На влезот на домот…

1. Направете добра фокусна точка

Првата работа која ќе ја здогледате кога се враќате дома е нешто што Ви е драго, мило нешто што бескрајно го сакате… уметничко дело, вазна со цвеќе, посебен сувенир или што и да е друго. Првиот поглед, првиот впечаток ќе Ви помогне да се опуштите!!!

2. Средете го нередот

Многуте работи на влезот во домот праќаат порака за уште повеќе хаос и неред во Вашата душа. Потребно е да имате точно одредено место за секоја работа која ја внесувате или изнесувате од домот.

Во дневната соба…

3. Направете простор

Нервозата расте во малите простории каде има премногу натрупани работи. Тргнете се што не е потребно, се што ретко го користите.

4. Осветлете дел од собата не цела соба

Силното светло над главата не ни дозволува да се опуштиме на крајот на напорен ден. Користете помалку светло за областите од домот кои ги користите. Се препорачуваат столни ламби или загасните светла. Силното светло оставете за дружбите со пријателите.

5. Направете безгрижен простор за движење

Не дозволувајте да пазите каде идете кога се движите низ домот. Направете си патеки по кои безгрижно ќе се движите без да се плашите од удари и несакани модрици.

6. Поедноставете ги боите во домот

Воздржете се од шаблоните на силни бои. Доколку имате премногу силни бои или голема контраст на бои во домот, Вашите очи нема да му дозволат на Вашиот мозок да попушти со упорноста да Ве држи на штрек.

7. Внесете ја природата во домот

Доколку во Вашиот дома има повеќе природни елементи, тоа ја зголемува пријателската интеракција со Вашите најблиски и обратно. За мирен и опуштен дом користете цвеќиња или закачете некоја слика со убав пејсаж.

Во спалната соба…

8. Користете смирени нијанси на бои

Ладните нијанси на бои како сината и зелената и неутралните земјени тонови го смируваат разбрануваното тело затоа што не потсетуваат на природата.

9. Исклучете ја електрониката

За да одморите убаво, не ја правете грешката која сите ја прават. Телевизорот и компјутерот се вистинските непријатели на добриот одмор. Звуците и светлата кои ги емитуваат електронските апарати во спалната соба му сигнализираат на мозокот да остане буден.

10. Оживејте ја својата фантазија

Размислете за тоа како го замислувате рајот. Ако тоа е тропски остров, додадете нијанси на песок и море и некое тропско парче мебел.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk