Дестинации

Погледнете ги овие необични мостови во североисточна Индија

Планините Khasi и Jaintia во североисточната Индија кријат уште една интересна појава.

Жителите на Индија веќе со години користат само на нив познат начин на природно инжињерство, правејки восхитувачки мостови од корења на дрвјата.Тоа им успева благодарејки на видот дрвја кој се викаат Дрво од гума (Ficus Elastica). Тие раснат до 40 метри во висина, развивајки корења надвор од земјата кое подоцна пофторно се забива во земја за да да ги одржи своите тешки гранки. Кога еднаш гранките ќе се сплетат, потребно е 10 – 15 години за мостот да биде издржлив и функционален.

Племето War-Khasai од Meghalaya, прво ја приметило оваа неверојатна појава и одлучило да ја искористи како начин за преминување преку реки. Сега постојат мостови стари и до 500 години.

 

Write A Comment