← НАЗАД НА БОЗА

Погледнете го најлуксузниот и најскапиот хотел во Европа!

Погледнете го најлуксузниот и најскапиот хотел во Европа!
633 Читања

Станува збор за неверојатниот хотел Mardan Palace, кој веројатно долго време нема да добие конкуренција на Стариот континент.

Овој хотел е прогласен за најголем и најскап во Европа.

Рускиот милијардер Телман Исмаилов вложил во овој проект околу 1,5 милијарди евра, а луксузот е видлив на секој чекор и во секој детаљ. Хотелот има 560 соби и два кралски апартмани, во чиј склоп се и приватни базени. Интересно е дека при градбата на оваа палата потрошени се 2,5 тони злато, 500.000 кристали и 23.000 квадратни метри најфин италијански мермер.

Приватната плажа направена е од 9.000 тони свиленкаст песок донесен од Египет. Огромниот базен се простира на површина од преку два хектари и може да се превезувате со гондоли.

Во средина на базенот се наоѓа аквариум со 2.400 риби, вклучувајќи и ајкули.

Тоалетите во хотелот имаат огледала оквирени со чисто злато. Тоалетите се контролираат со далечински управувач.

Во хотелот има 11 ресторани кои служат специјалитети од целиот свет.

Ноќевање во најлуксузниот апартман чини повеќе од 13.000 евра. Во обичните соби ноќевање е околу 300 евра по човек.

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-1

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-2

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-3

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-4

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-5

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-6

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-7

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-8

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-9

najskapiot-i-najluksuzen-hotel-vo-evropa-10

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk