Дестинации

Погледнете како изгледа средба на два океани

Фотографијата го покажува местото каде се сретнуваат два океани во Заливот Алјаска. Иако фотографијата е вистинска, сепак постојат неколку заблуди што истата ги покажува.

Професорот Кен Бруланд од Калифорнија – Санта Круз универзитетот, за време на истражувањето на овој феномен истакнал дека, всушност, ние го гледаме вијанието на ледничките води во океанот.

Заблуда е дека овие две води не се мешаат. Моментот на фотографирање е од пресудна важност. Со текот на врмето, водите секако се мешаат и сликата не е иста.

Ледничките реки со ерозија, во текот на летото, во океаните внесуваат големи колични на глина заедно со минерали и метали.

Во оној момент кога реките се влеваат во огромните водени површини на океанот, тие се носени од силни океански струи во правец исток-запад.

Погледнете го видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=vfBH9OBV-p4

Напиши коментар