Мојата кујна

Полнети бабури со печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 г бабури

* 125 г свежи печурки

* 50 мл павлака за готвење

* 50 г сланина

* 3 јајца

* 2 кромида

* малку свеж магдонос (ситно исечкан)

* малку сол, црн пипер

* 1 мала пиперка (ситно исечкана)

* малку масло за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Бабурите пресечете ги на половина. Исчистете ги семките и измијте ги.

2.Во поголем сад ставете вода да зоврие со малку сол. Ставете ги бабурите да се варат неколку минути. Потоа добро исцедете ги.

3.Исечкајте го кромидот, сланината и печурките. На масло прво запржете го кромидот, а потоа додадете ги печурките и сланината. Зачинете со црн пипер и сол.

4.Изматете ги јајцата и додадете од ситно исечканиот магданос. Оваа смеса ставете ја во мискот од кромид и печурки.

5.Загрејте ја рерната на 260 степени и подгответо го тавчето за печење (обложете го со хартија за печење.)

6.Наполнете ги бабурите, а одозгора ставете од павлаката за готвење измешана со ситно исчекана пиперка.

7.Покријте го тавчето со алуминиумска фолија и печете 25 минути.

8.Потоа извадете ја фолија и печете уште пет минути.

9.Откако бабурите ќе бидат готови, одозгора наросете малку магданос за декорација.

Write A Comment