Мојата кујна

Полнети компири

Потребни состојки:

8 компири

1 лажица павлака

100 гр. маргарин

100 гр. брокула

50 гр. сланина

100 гр. кашкавал

2 јајца

Зелена пиперка

Припрема:

Компирите убаво измијте ги и исечете и на половинки. Во добро намачкано тавче ставете ги да се печат во рерна. По 15тина минути, извадете ги од рерна и оставете ги малку да се оладат.

Направете хомогена смеса од павлаката, маргаринот, кашкавалот и јајцата.  Издлабете ги компирите, па наполнете ги најпрво со сецкани брокули, па со приготвената смеса. Оставете да се печат во рерна уште 20тина минути. Потоа извадете го тавчето од рерна и врз секој компир додадете малку сецкана сланина и вратете го тавчето да се допечат компирите, уште 10тина минути.

Ставете ги полнетите компири на чинија за сервирање и врз секој компир додадете малку ситно сецкана зелена пиперка. Добар апетит!

Напиши коментар