Мојата кујна

Полнети пиперки со пченка и ориз

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 бабури
150 гр варена пченка
50 гр варен грашок
50 гр варен морков
50 гр ориз
30 гр маргарин
вински оцет
сол, бибер
магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Бабурите издлабете ги и отстранете ги семките, па внатре посолете ги и ставете бибер и зачин по вкус. Варете ги десет минути во солена вода. За тоа време исцедете ја сварената пченка, оризот , грашокот и морковот и пропржете ги во тава со маргарин.

Зачинете со сол, вински оцет и сечкан магдонос. Бабурите наполнете ги со овој фил, наредете ги во намачкан огноотпорен сад,, долијте малку вода од варењето на пиперките и печете во затворен сад 15 минути. За да биде јадењето посочно, прелијте го со сок од домати и на крај додека пиперките се уште топли, посипете ги со кашкавал или фета сирење.

 

Напиши коментар