Motherhood

Пораката на еден татко до својата мала ќерка ќе ги допре вашите срца!

Историјата на Том и неговата ќерка Кели е тажна. Можеби една од најтажните, за кои некогаш сте слушнале. Но понекогаш во најголемата тага човек може да најде најчиста радост и најискрена среќа.

Том- 31, со тумор на мозокот, решава да остави две нешта на ќерка си. Првото е  износ од 610 000 евра и пред да помислите дека тоа се многу пари, ќе ви кажеме дека тие се наменети за нејзиното лекување, бидјќи таа исто така има дијагностицирано рак. Два пати девојчето се бори со болеста, но веројатноста да се излекува е голема. Зтоа од примарна важност е таткото да обезбеди сретства за лекување. Том успева да го направи тоа и покрај тешкотиите, но тоа за него не е доволно…

Всушност, највредното нешто што Том и го остава на својата мала ќерка е неговото писмо.Во него тој ги пренесува најважните животни лекции, на кои нема да има можност да ја научи сам. Сега ви нудиме да го прочитате примерок од него, затоа што навистина вреди. Бидејќи во него секој може да открие едноставни, но и многу важни вистини…

Мојот живот сега истекува. повеќето татковци и ќерки имаат можност да играат, да се дружат и да разговараат, но ние немаме време. Јас нема да бидам таму да те испратам на првиот училишен ден, да те гушнам и да се радувам со тебе кога ќе дипломираш. Но знај неколку работи:

Бори се и секогаш верувај во себе. Не ги слушај луѓето кои ти велат дека не можеш да направиш нешто. Веќе ја чувствувам твојата храброст и знам дека сигурно ќе ме направиш најгорд татко во светот.

Училиштето е важно, но имај на ум дека треба и да се забавуваш.

Те молам, не заборавај дека мајка ти те сака и ти го посакува најдоброто. Прегрни ја кога е тажна, и помагајте си една на друга во најтешките моменти кога јас ќе си заминам.

Биди со луѓето таква каква сакаш тие да бидат со тебе. Биди љубезна кон сите кои ти помагаат, и тоа секогаш.

Никогаш не се смеј 50 проценти, секогаш смеј се 100 проценти. Нема смисла да ти кажувам да не бидеш тажна, кога ќе заминам, знам дека ќе бидеш. Би сакал и тогаш да бидам со тебе и да те гушнам, додека не се насмевнеш.

Избирај момчиња кои ќе те ценат и ќе те почитуваат. Жалам, еден ден срцето ќе ти биде скршено, но запомни, тоа нема да биде крај на светот. Ќе успееш, дури и ако врската не оди и заврши лошо, обиди се да бидеш силна и да простиш”.

Напиши коментар