Денес е големиот Христијански празник, Бадник. На овој ден се јаде посна храна па во прилог ви нудиме една посен рецепт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 200 гр соини медалјони
* полубело брашно
* масло за готвење
* лебни трошки
* сол
* соја сос
* сенф
* лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Соините медалјони варете ги во солена вода околу 15 минути. Потоа убаво исцедете ги и оставете ги нека се изладат. Оставете ги неколку часа во соја сосот, сенф, лук и масло. Потоа узвалкајте ги во брашно, па во лебни трошки. Пржете ги од двете страни. Сервирајте ги со компир и свежа салата.
Уживајте!