Во овој модерен свет, во кој технологијата напредува од ден во ден, ништо не менува толку како новите можности во кои со технологијата добиваме. Лондон е совршен пример на тоа тврдење. Некогаш, во Лондон на улицата оделе луѓе со модерни чадори и класични елегантни шешири, додека таа слика сега е променета па сте опкружени со луѓе кои одат испаничено брзо, со најнови смартфони во рацете.
Оние познати телефонски говорници со црвена боја, која биле симбол за овој град, сега ги има само во центарот како декор за туристички фотографирања.
Лондон претставува минато, сегашност и иднина на едно место. Шетањето на улицата Портобело тоа најдфобро го прикажува. Она што Лондон го има добиено во изминатите векови е и неговиот космополитски дух. Во овој град можете да наидете на разни раси и вера, кои говорат многу различни јазици, а сепак складно живеат и работат во тој голем град, креирајќи го животот и промените.
Времето поминато на Оксфорд улицата и неговите продавници е вредно за патување. Тоа е слика на жив град, сегашноста на Лондон. Нема потреба да ги спомнуваме познатите знаменитости и популарните места како што се Пикадили Циркус, познатото Лондонско Око како и Бакимгенската палата.
Места за опуштање има многу, од традиционални пабовиво кои се служат интересни врсти на локално и странско пиво, со класични оброци до многу луксузни и престижни ресторани во кои потребно е да резервирате со месеци однапред. Едноставното шетање во било која улица на овој град е навистина единствено искуство, кое е секогаш е различно…