← НАЗАД НА БОЗА

Посетете го Палаван, најубавиот остров на светот!

Посетете го Палаван, најубавиот остров на светот!
702 Читања

Палаван е скриено парче од рајот, поради што се наоѓа на врвот од листите на најубави острови во светот. Неодамна „Travel + Leisure“ го прогласи овој остров за најубавиот во светот.

Островот е познат по прекрасниот спектар на бои кои меѓусебно се испреплетуваат – сината боја со неверојатните зелени нијанси, џунглите и ретката шума кои се издигаат над океанот, како и неверојатните пејзажи на малите рибарски села расфрлани по островот.

(3) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

(4) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

Се верува дека овој остров е стар околу 50 илјади години, а до него може да се стигне со брод и со авион. Тој не е ни многу оддалечен од главниот град на Филипините, Манила. Најубаво време за посета на овој остров е во периодот од октомври до мај. Доколку одлучите да го посетите, воопшто нема да ви биде здодевно, затоа што ќе можете да нуркате и да се искачувате на прекрасните планини.

(5) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

На островот можете да видите виолетови ракови, филипински елени, филипински панголин, како и прекрасните пеперутки кои внесуваат дополнителна магија во пејзажите.

(6) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

Палаван изобилува со богата флора и фауна, кои можат да се најдат и на другите острови во близина, но во помал степен.

(7) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

Доколку не сте подготвени за нуркање и искачување, можете со чамец да патувате меѓу прекрасните острови или да ја посетите подземната река, една од најуникатните во светот.

(8) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk