Прекрасен град на седум ридови. Место каде се спојуваат традицијата и модерното, центарот на светотград за сечиј вкус. Од улични уметници до раскошни замоци и музеи на културата, богата кујна, многу вино и приказни и легенди кои се врзуваат за овој град.
Легендата за основањето на градот Рим
Амулије станал крал на грдот Алба Лонге, а својот брат го тргнал од престолот. За да не го снајде истата судбина, внуката Реја Силвија да ја принудил да стане доживотна девица. За да му се освети Реја Силвија се здружила со Богот Марс и родила два сина, Ромул и Рем. Кога Амулије дознал за тоа, близнаците ги фрлил во реката Тибер, каде во подножјето на брегот ги нашла волчица и ги доела со своето млеко. По некое време, ги пронашол овчарот Фаустил и ги израснал. Кога пораснале, решиле да направат град на брегот Палатин, но никако не можеле да се договорат кој од нив двајца да стане владетел на градот, поради тоа во кавга Ромул го убил брат му. Градот е наречен по првиот владател Ромул, а направен е 753 година пред Исус.

Чисто информативно
Главниот град на Италија се наоѓа во регионот Лацио, по текот на реките Тибер и Аниене. Посебноста на градот Рим е Ватикан, најмалата држава на светот која го обиколува градот Рим. Неизбежна е и Папската катедрала, Базилика Свети Иван Латерански, најважна и најстара од четирите базилики кои се наоѓаат надвор од Ватиканскиот Град.
Главниот симбол на градот Рим е Колосеумот, најголем амфитеатар кој е некогаш сограден во Римското Царство, а кој имал капацитет од 50.000 луѓе. Овде се одвивале гладијаторските игри, кои на граѓаните им било најголема занимација во слободното време.

Музеи
Што се однесува до музеите, најстари се Капитолските музеи, кои со Ватиканските музеи содржат најголеми и најубави уметнички колекции. Националниот музеј во Рим го проектирал Микенанџело, и ова место сигурно ќе ви го одземе здивот, бидејќи во него се наоѓаат најзначајните римски и грчки уметнички дела.

Знаменитости
Кога ќе дојдете во самиот центар на градот, сигурно ќе ве остави без здив „Фонтана ди Треви“, најубавата од сите 280 во целиот град. Постои верување дека личноста која ќе фрли паричка во фонтаната, ќе се врати во овој град повторно. Градот има многу плоштади, а најубавите дефинитивно се Пиаца Навона, Пиаца Венециа и Пиаца ди Спања, на кои ќе пронајдете богата гастрономска понуда.

Најголемиот стадион на светот, наречен „Circus Maximus“ со капацитет со околу 150.000 луѓе, а неговата главна функција била за одржување на коњски трки, разни фестивали, а понекогаш и за гладијаторски борби.
Има многу работи за кои може да се наречат совршени за овој прекрасен град, но треба уште да се издвојат Шпанските скали, кои се едни од најпознатите во светот, а најубави се во пролет кога се преполни со цвеќе.
Иако сметаме дека неколку дена проминати во Рим, можеби не е доволно за сè детално да се погледне, се надеваме дека со овој водич, барем малку ви ги доловивме убавините на Рим, за да знаете кои места се тотално ИН.
