Bridal

Поскап прстен, побрз развод

Драги заљубени парови, џабе ви е ако потрошите мало богатство на свршенички прстен и свадба. И не само што ви е џабе, туку така ви се зголемуваат шансите за развод.

Истражување спроведено во форма на онлајн анкета на 3.370 Американци кои стапиле во брак, покажало дека оние што трошат многу пари на свадба имаат поголеми шанси да се разведат. Информациите кои ги собрале за време на анкетата вклучувале траење на бракот, деца, колку време биле во врска, чувства и ставови за време на предлогот за брак, медениот месец, парите потрошени на прстен, бројот на гости на свадбата, целосните трошоци за веселбата, возраста на која се земале, пол, раса, образование, верска припадност и буџет на домаќинството.

Мажите кои потрошиле од 2.000 до 4.000 долари за прстен имале 1,3 пати поголеми шанси за развод. Мажите кои потрошиле од 500 до 2.000 долари пак, имале многу пониска стапка на развод.

Жените кои потрошиле повеќе од 20.000 долари на свадбата имале 3,5 пати поголеми шанси да се разведат за разлика од оние кои потрошиле од 5.000 до 10.000 долари. Паровите кои потрошиле помалку од 1.000 долари пак, имале најмали шанси за развод.

Луѓето кои потрошиле повеќе пари за прославата ли прстенот изјавиле дека имаат повисоки нивоа на стрес заради долговите, што е дел од причината за развод.

„Ако трошоците за свадба се поврзани со стрес, тогаш е можно истите да ја зголемат шансата бракот да се распадне“, заклучува истражувањето.

Оние парови кои имале многу гости на свадбата и/или отишле на меден месец, имале многу помали шанси за развод.

Напиши коментар