Здраво тело

Потопете ги стапалата во раствор од јаболков оцет

По долг и напорен ден ни се чини дека ништо не е подобро од опуштање во топла купка.

Но, подеднакво добро ќе ве опушти и само тоа ако ги ставите стапалата во топла вода во која ќе додадете јаболков оцет бидејќи веруваме дека резултатите ќе ве импресионираат.

Јаболковиот оцет помага во отстранување на мртвите клетки од вашите стапала. Што значи ќе ја освежи кожата, а плус вашите стапала ќе мирисаат пријатно.

Во садот во кој ќе можете удобно да ги сместите вашите стапала сипете 2/3 топла вода, а може и ладна ако сакате да се разладите. Потоа додадете од 160 до 230 милилитри јаболков оцет. Држете ги стапалата околу 30 минути.

Мирисот на оцет ќе исчезне откако ќе ги извадите стапалата од растворот, но ако сакате можете да ги исплакнете со чиста вода.

Еве на кои се начини ќе имате корист од оваа купка:

  • Ќе ги опушти мускулите на стапалата.
  • Ја намалува болката од изгореници од сонцето.
  • Ги уништува габичните инфекции под ноктите.
  • Го намалува непријатниот мирис на стапалата.
  • Ја омекнува испуканата кожа на петиците.

Напиши коментар