Мојата кујна

Потпечени тиквички со пилешко месо и зеленчук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 помали тиквички

400 гр пилешки стек

200 гр кашкавал

магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквичките исечете ги на половина по должината. Ставете им сол и маслиново масло по вкус.

Вдлабнете ги малку и наредете го пилешкото кое е претходно исечено на коцки, посолете го и зачинрте го со црн пипер и босилок по избор.

Доколку сакате, покрај пилешкото месо, можете да додадете и компир ситно сецкан на коцки или печурки.

Врз месото изрендајте кашкавал и додајте магдонос.

Прелијте го со маслиново масло и оставете го во рерна да се пече 30 до 40 минути на температура од 150 степени.

Напиши коментар