Додека брзаме во животот и ги бркаме парите, животот пролетува до нас како дрвјата од прозорот на воз кој се движи. Додека материјалното исчезнува, суштината останува но, кој да ја забележи.
Ова е кратка приказна по која едноставно ќе посакате да ги прегрнете своите малечки…
Девојчето ја украсувала малата кутија со златна хартија за да ја стави под елка. Кога дознал таткото дека девојчето потрошило полно пари за ролна шарена хартија ѝ се налутил.
Следното утро девојчето го донела подарокот за својот татко.
„Ова е за тебе, тато“!- кажала таа.
Ја отворил кутијата и видел дека е празна, не и придал никакво значење и ја оставил на страна.
„Кога на некого му даваш подарок, би требало и да има нешто во него“?- го прашал девојчето.
Девојчето го погледнало таткото со солзи во очите.
„Тато, но подарокот не е празен, исполнет е со моите бакнежи, за тебе“- одговорила таа.
Таткото се посрамотил. Се почувствувал многу непријатно. Ѝ се приближил на ќерката и цврсто ја прегрнал.
Уште многу години од својот живот таткото ја чувал златната кутија до креветот.
Кога и да се почувствувал тажно и скршено, тој ќе ја отворел кутијата и мислел на љубовта која неговата ќерка ја ставила во неа. Тоа секогаш му помагало да си го подобри расположението.
