Модата и храната се дисциплини кои се надополнуваат и преплетуваат. Но овој пат го достигнаа највисокото ниво на луксуз.
Познатиот бренд Prada, во март 2014 стана сопственик на историската слаткарница Pasticceria Marchesiа веќе на 9 септември ја отвори својата прва водечка продавница за кондиторски производи на Via Montenapoleone во Милано.
Луксузниот ентериер на продавницата е дело на италијанскиот архитект Roberto Baciocchi, кој соработуваше со семејството Marchesi, кои се наследници на основачот на пекарата.
Концептот на ентериерот се темели на традиционалниот декор на слаткарницата, со модерен акцент. Помеѓу останатото е опремена со садови кои се направени по специјална нарачка Rosenthal, со многу добро познатиот сребрен есцајг за дополнително да го зголеми луксузот.
Па ако планирате наскоро да одите во Милано, немојте да не ја посетите оваа слаткарница која е отворена секој ден од понеделник до петок од 7.30 до 21.00 и нуди појадок, десерти и аперитиви.













