Со оглед на тоа дека се работи за 42 квадрати и само една просторија, потребни се добри идеи и функционален мебел, а дизајнерката на ентериерот Марта Родригез баш така го опремила ова ќоше.

Квалитетно дрво доминира во просторот и дава потребен шмек и топлина. Комбинација на белите ѕидови и виолетов мебел се покажала како одлична, плакар во кој се сместени елементите од кујната е одлична идеја за гарсониери каде не треба сите детали да бидат видливи на прв поглед.

Љубителите на рустикални бањи ќе ги воодушеви дрвената када, а останатите интересни детали погледнете ги подолу:




