← НАЗАД НА БОЗА

Права наспроти виткана коса-бенефити и мани

Права наспроти виткана коса-бенефити и мани
654 Читања

Желбата да се има поразлична коса од  сопстевната е често еден од моменталните тренови кај девојките,кој симболизира некаква промена, не само во надворешноста, туку и во нивните животи. Се посегнува по различни препарати кои ќе ја наоправат нивната коса виткана, додека витканата пак се испарвува по секоја цена.

Дали за момент сме тргнале да јај погледнеме убавината на сопстевната коса и нејзините убави страни, е интересно прашање. Косата е еден од најважните фактори за зголемување на самодовербата, но за жал и комплетно нарушување на изгледот кој сме го подготвувале долго време. Како правата,така и витканата коса има свои маани и доблести кои треба да се почитуваат, но најмногу пред се да се прифатат, за да може да се забележи убавината на сопствената коса, без разлика на тоа дали е права или виткана. Сепка,во прилог прочитајте нешто плус за разликите во витканата и правата коса,која од нив е попрактична, и како девојките одлучуваат за нив.

Виткана коса– Овој вид на коса е предизввик поради можноста секое утро да имате нова фризура, во зависност од тоа како сте спиеле. Често, доколку косата не е виткана онолку колку што треба, употребата на различни апарати е уште една можност плус како да се разочарате од ефектот кој не сте го постигнале. Овој тип на коса е проследен со волумен, кој изгледа прекрасно, доколку знатете како да си играте со сопствената коса и да искористите мали трикови за нејзиното скротување. Сепак,убавината на кадриците е тотално заслепувачка, особено кога косата е добро негуванан и проследена со правилна должина  и густина.

Права коса- Најлесен тип за одржување е правата коса,кој понекогаш може да делува здодевно, особено за девојките кои мечтаат за поголем волумен и темперамент на својата коса. Веројатно најголема предност е тоа што се одржува многу полесно, и за разлика од витканата коса, делува едноставно и практично-што е сосема разбирливо и потребно во одредени денови. Овој тип коса делува скоро секогаш совршено после будење,па препаратите за негување повторно стапуваат на сила, овојпат за одржување на нејзиниот квалитет.

Витканата коса е совршена за девојки со темперамент, и оддава впечаток на самодоверба, прифаќање на себеси и способност за истражување нови нешта. Токму затоа, со ова се идентификуваат голем број на познати ѕвезди, коиприродно имаа т права коса.

Правата пак, беспрекорно нуди впечаток на елеганција и е симбол на гламурозност и практичност. Секојдневието е совршено за ваквиот тип на коса, за кој девојките со виткана би требало да се помачат-но останува полесна опција.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk