Денот по утрото се познава, затоа решението да намалите неколку килограми треба да започне токму со појадокот. Денот започнете го со храна која нема да ве дебелее, а ќе ви даде доволно енергија и ќе го одржи вашето здравје.
Започнете го денот со чај наместо со кафе
Покрај тоа што помага во одржувањето на здравото срце, зелениот чај помага и при губење на тежината. Една шоља зелен чај наутро го забрзува процесот на губење калории во текот на денот и ја зголемува брзината со која телото ги користи мастите.
Одржувајте баланс
Добриот појадок вклучува протеини, овошје и јаглехидрати. Тоа е одличен микс кој ќе овозможи вашето тело да ги добие сите потребни состојки за да имате енергија и за да не се чувствувате гладни во скоро време. Трудете се храната да ви биде разновидна, нема потреба да јадете житарки, сок од портокал и едно јајце секој ден.
Јадете барем 5 грама растителни влакна на ден
Растителните влакна ве заситуваат, ве прочистуваат и имаат 0 калории. Одлични се за губење на тежината. Овие 5 грама растителни влакна ќе ги најдете во јаболката, боровинките, црниот леб, цереалиите богати со влакна или пак во овесните снегулки.
Јогурт
Јогуртот е полн со пробиоици, кои го поттикнуваат варењето на храната и ја подобруваат работата на дигестивниот систем. Тој е одлична основа за здрав појадок, кој можете да го комбинирате со парчиња овошје, мед, житарки или парчиња темно чоколадо. Избегнувајте ги овошните јогурти, бидејки тие содржат шеќери и имаат поголем број калории.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови како оревот, лешникот, индиските оревчиња или пак бадемите, се одличен извор на енергија и протеини. Можете да ја комбинирате со храната, да направите сопствена „гранола“ од овезни снегулки измешани со јаткасти плодови и мед или пак да ги јадете по оброкот.