Овој дом е сместен центарот на Лондон, кулата е еден од спомениците од 19 век кој до скоро време беше нечепнат.
Со своите осум ката била највисока кула во целиот Лондон кога била изградена 1967. Сопствениците поминаа осум месеци дизајнирајќи, конструирајќи и накрајот да ја трансформираат импресивната зграда во свој нов дом.
Кулата висока 30 метри со ѕидови дебели 1.5 метри па не беше лесно да се реновира. Работниците мораа да го отстранатголем дел од циглите од ѕидот за добијат повеќе простор. Сепак сопствениците добија модерен простор која содржи четири спални соби, лифт, теретана, тераса на кровот, пространи купатила и огромни прозори.
светлата палета на бои во ентериерот и големите прозори направија просторот многу попријатен.Како би се постигнал ефектот на поголем простор користени се и светло сиви плочки и на кровната тераса.
За ова беа потребни 3.2 милиони долари за реновирање која не само што го одзема здивот со својот изглед него нуди и импресивен поглед. На врвот на кулата се наоѓа преуреден резервоар со 6 прозори кој нуди прекрасен панорамски поглед на Лондон.











