Ви ја претставуваме венчавката на Ани Саливан и Оливер Коб, венчавка која се одржа на историски имот во близина на Њујорк.
Оваа венчавка не воодушеви со својот стил, елеганција и едноставност. Самата церемонија, но и забавата, се оджаа во куќа изградена во викторијански стил, која на целата свадба и даде посебен шарм. Невестата беше облечена во прекрасен фустан кој е нејзина сопствена креација, додека младоженецот носеше елегантен црн костум од Ралф Лорен.
Најблиските гости и деверушите беа облечени во сиво-жолти и сребрени комбинации, а самиот амбиент беше надополнет со свеќи кои му даваа необична таинственост и магија. Прекрасната шведска маса и интересниот дизајн на храната покажаа дека ваквиот начин на сервирање е интересен и подоген за вакви церемонии.
Погледнете ги фотографиите од самата венчавка, кои ќе ви ги доловат најважните моменти и целокупниот амбиент на свадбата:





















