Sweet Home

Прекрасно уреден дом во скандинавски стил

Скандинавскиот стил се повеќе наоѓа примена кај уредувањето на современите ентериери, па така тој е употребуван не само во Европа, туку и по целиот свет.

Оваа куќа се наоѓа во Виетнам и е дело на архитектонскиот тим на студиото Koj Architects, кои успешно и префинето го интерпретираат со сите свои доблести кои стилот ги носи сам по себе.

Според принципите на скандинавскиот стил, и кај оваа куќа ѕидовите се ослободени од обработка и боја, па така тие се бели и чисти додека пак рустично удобниот и „топол“ мебел е задолжен за динамика и топлина во просторот.

Каминот кој е централно поставен во фокусот на ѕидот кон кој е насочена главната софа во дневниот простор, е задолжен за топлата перцепција на просторот, како и за буквално затоплување на истиот, па така седењето покрај него и глетката кон пламенот е максимално пријатна и смирувачка.

2-skandinavski

3-skandinavski

4-skandinavski

5-skandinavski

7-skandinavski

6-skandinavski

Write A Comment