Дестинации

Преубавиот и неверојатен аквариум во Барселона

Ако имате услови за да си овозможите патување по Ваша желба, а сеуште не сте ја одбрале вистинската дестинација… Ви ја препорачуваме Барселона !!!

Барселона е главен град на автономната покраина Каталонија и истоимената провинција Барселона која се наоѓа во североисточниот дел на Шпанија. Се наоѓа на бреговите на Медитеранот, на некои 120 километри од Пиринеите и границата со Франција, во долината која на исток е опкружена со море, со планинскиот венец Сиера де Кољсерола на запад, на југ со реката Љобрегат, а на север со реката Бесос.

Барселона е местото во кое можете да сретнете буквално сé. Покрај тоа што е главен европски економски центар и туристичка дестинација во која има огромно културно и историско наследство, ова е и местото во кое се наоѓа еден од најубавите аквариуми во Европа.

Токму него го одбравме како местото кое го препорачуваме како Ваша следна дестинација. Погледнете го преубавиот аквариум кој ќе Ви го одземе здивот, а истовремено ќе биде и шанса да го посетите еден од најубавите градови во Европа…

Доколку ни ова не Ве убеди да планирате прошетка низ Барселона погледнете го следното видео…

Напиши коментар