Насловот само делумно ја опишува оваа импозантна и луксузна резиденција…
Сместена во прегратките на прекрасниот пејзаж, близу плажата во Малибу, оваа неодолива „ кутија “ е идеално “ гнездо за живеење “. Во внатрешноста се наоѓаат 4 спални, 4 бањи, а особено внимание привлекува камениот екстериер, модерните тераси и балкони…
Неверојатно е уживањето кое го овозможува базенот, а импозантниот простор и светлина во внатрешноста, повеќе од доволни за пријатен и гламурозен дом. Огромните прозорци, кожниот мебел , луксузните детаљи, внатрешниот бар, грациозните палми се само увертира во магијата на живеење која ја овозможува овој дом. Дневната соба излегува директно на базенот, во близина се наоѓа и специјална печка за пица. Дворот, обоен во зелено, во комбинација со ултра модерните „ лизгачки врати “ остава интересна модерна илузија… Останатото е воздишки, задоволства и прекрасни семејни моменти !!!
Кај Вас, нека биде доволна инспирацијата …




















