Motherhood

Приказната – специјален ритуал за секое дете

Приказните се многу важен момент во животот на вашето дете. Неговиот свет е исполнет со фантазии кои го збогатуваат неговиот живот. Кога веќе ќе го исцрпите целиот арсенал на приказни што ги знате, почнувате да измислувате нови. Ви се чини како тешка задача? Можеби, но имајте во предвид дека со помош токму на тие измислени приказни ќе можете многу повеќе да се доближите до светот на вашето дете и да му ги пренесете сите совети и лекции  кои сакате да ги совлада вашето дете, но овој пат со помош на измислена приказна.

Знаете дека децата често пружаат отпор кога ќе се обидуваме да ги подучуваме за тоа што е добро, а што не. Меѓутоа ако истото тоа биде кажано како приказна, веќе е сосема поинаку.

Создадете една интересна историја во која може неговото плишано мече да биде главниот херој или самото дете или пак вашето домашно милениче. Ваквата историја дефинитивно ќе му се допадне.

Историјата треба да биде кратка – не е потребно да создаваме приказна која да продолжува безкрајно и да предизвика досада кај малото. Вниманието на децата може да биде задржано за кратко, затоа и приказната треба да е кратка. Придржувајте се кон основните моменти – појава на проблем, малиот проблем станува голем проблем и на крај – неговото решение. И кога главната улога во приказната е самото дете кое е херој кој успешно се справува со сите задачи и проблеми вие всушност преку приказна го подучувате за важните нешта во животот и како да се справува во најразлични ситуации.

Вплетувајќи во историјата некаква поука – тоа е најлесниот начин да го натераме детето да се замисли за своите постапки во текот на денот. Ако детето не сака да споделува играчки со други деца или со помалото дете во семејството, тогаш раскажете му како добрата вила ги наградува и сака добрите дечиња што не ги кријат скржаво своите играчки…и дека добрата вила како награда што е добро детенце и споделува со другите ќе му донесе многу нови и уште поубави играчки…

Варијанти има навистина многу. Од лично искуство како мајка на 4 годишно девојче, можам да ви кажам дека ваквите измислени приказни многу ми помогнаа да ја подобрам комуникацијата со моето дете. И треба да ви кажам дека  приказните во кои учестувува таа и нашето кученце и се омилени. Посакувам успех на сите мајки, а јас веќе ја смислувам новата историја за вечер и за тоа како добрата вила ги наградува дечињата што помагаат на своите мајки:)

Write A Comment