Новости

Принцот Вилијам на насловна страна на познато геј списание

Принцот го кажа своето мислење, без притоа да користи зборови.

Додека светот е сеуште потресен од масакрот во геј барот во Флорира, каде загинаа 49 луѓе, а 53 се повредени, принцот Вилијам напиша историја на тој начин што се појави на насловна страница на геј списание.

Станува збор за јулското издание на познатото спиание “Attitude”, во кое принцот се појави во бела кошула и широка насмевка на лицето, давајќи подршка на ЛГБТ заедницата.

Тој беше фотографиран за насловната страница откако ги повика членовите на ЛГБТ заедницата во палатата Кенсингтон, за да дознаат за нивните искуства со насилното однесување на луѓето кои не ги прифаќаат различностите.

Принцот Вилијам заедно со брат му Хари и војводката од Кембриџ веќе некое време ја водат кампањата  “Heads Together”, која меѓу другото се занимава и со вакви проблеми, а откри и дека никој не треба да биде малтретиран поради својата сексуалност или било која друга причина.

Напиши коментар