Motherhood

Природни начини како да го стимулирате породувањето

Сте го чекале овој момент и сте сонувале за истиот во последните 30 години. Вие сте подготвени, вашата торба е подготвена и сте сигурни дека во секој момент ќе ги добиете првите контракции за породување. И тогаш…ништо! Никаква промена…

Иако луѓето велат треба да се биде трпеливa, бидејќи природно, вашето бебе ќе излезе кога ќе биде подготвено, сепак можеби ќе сакате нежно да го „турнете”.

Ние ви претставуваме неколку алтернативини природни методи кои ќе ви помогнат да го поттикнете породувањето.

Кари

Карито често се препорачува за стимулирање на породувањето. Зачинетата храна може да го стимулира вашиот стомак, а тоа значи дека може да ја поттикне и вашата матка за акција.

Ананас

Ананасот содржи ензим бромелин кој помага во омекнување на грлото на матката, а со тоа го стимулира и породувањето. Ако јадете големи количини на ананас, тоа најверојатно ќе го стимулира вашиот стомак, а со тоа и матката.

Со стимулација на градите

Стимулација на градите значи кога нежно ги триете или правите кружни движења на брадавиците на вашите гради за да го поттикнете почетокот на контракциите. Во овој случај се создава хормонот окситоцин кој ги поттикнува контракциите.

Лист од брусница

Листот од брусница може да се приготви како чај. Ќе ја стимулира вашата матка и поттикне контракциите

Секс

Ако сакате да го стимулирате породувањето, тоа можете да го сторите и со сексот. Помага во ослободување на хормонот окситоцин, хормон кој, како што веќе рековме, ги поттикнува контракциите. Доживувањето оргазам исто така може да ја стимулира вашата матка и да го поттикне породувањето.

Шетање

Притисокот од главата на вашето бебе врз грлото на вашата матка од внатрешноста може да го стимулира лачењето на окситоцин, хормонот кој предизвикува контракции.

Напиши коментар