Здраво тело

Природни начини за намалување на високата температура

Секогаш постојат одредени лекови со кои можете да му ја намалите високата температура на детето, но тоа понекогаш се чувствува толку лошо што одбива да земе лек.

Затоа постојат и природни методи со кои можете да му ја намалите температурата, а со овие методи детето ќе се чувствува подобро и полесно ќе ја преброди настинката.

1. Облечете го детето во полесна облека за да може телото да му дише и да се разлади.

2. Поттикнете го да пие повеќе течности, а ако не сака, тогаш барем на секој час давајте му по една лажица вода.

3. Доколку детето не сака вода, тогаш понудете му коцка мраз за да ја шмука, а на тој начин ќе ја спречите дехидратацијата и ќе му помогне да се разлади.

4. Подгответе му млака купка со која ќе се разлади за неколку минути и ќе ја симне температурата.

5. Ако не сакате да го искапете во млака вода, тогаш истријте го со влажен сунѓер по телото.

6. Ладни облоги ставајте му на чело, на вратот и на препоните затоа што таму крвните садови се најблиску до површината на кожата и побрзо ќе се разлади и ќе се симне температурата.

7. Земете лист од весник и избоцкајте го со игла, па намачкајте го со масло за јадење. Потоа ставете го на стомакот и на дел на градите кај детето. Со тоа ќе му ја извлечете температурата од телото.

Напиши коментар