Мојата кујна

Пробајте нешто поинакво и повкусно: Брзи печени макарони со јогурт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400 гр. макарони

* 1 л. јогурт

* 3 јајца

* 2 лажици маслиново масло

* малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги јогуртот, јајцата, сол и сварените макарони. Подмачкајте го садот во кој ќе ги печете макароните со малку путер или масло. Ако е потребно додадете уште малку јогурт за макароните убаво се залијат и по вкус можете да додадете малку пршута. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете додека не добијат боја. Служете ги топли и над нив изрендајте кашкавал и ставете павлака, кечап или пак мајонез.

Напиши коментар