ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 белки
65 грама банани
1 лажица чиа семки
1/8 лажица екстракт од ванила
½ лажици прашак за пециво
½ лажица рендана кора од лимон
1 лажица сок од свеж лимон
1 лажица овес
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад изгмечете ја бананата со виљушка и додадете ги сите останати состојки и миксирајте се додека да добиете глатка смеса.
Загрејте ја тавата и додадете малку сончогледово масло (или кокосово).
Ставајте дел по дел од смесата во тавата и печете една по друга страна на палачинката.
Оставете малку да се изладат и потоа уживајте во здравите палачинки без грижа на совест.
