Здраво тело

Проверете го Вашето здравје за 1 минута

Доколку сакате да си го контролирате здравјето потребни Ви се само 60 секунди. Овде не станува збор за детален систематски преглед (кој би требало да се направи барем еднаш годишно), туку за самопреглед кој може да укаже на потенцијални здравствени проблеми.

Бидете во тек со Вашето здравје. Пробајте да издвоите барем една минута од денот за самопрегед на Вашето здравје и на тој начин брзо реагирајте на потенцијалната „бомба“ во Вашиот организам.

Заби

Со помош на забен конец можете да откриете почетни симптоми на срцево заболување. Доколку забележите дека имате воспалени непца кои заболуваат при користење на забен конец, тоа може да значи дека имате потенцијален проблем со масни наслаги во крвните садови. Забарот може да Ви понуди решение … но за секој случај проверете ја крвта и срцето.

Нокти

Дамки – листање, кршливост или бели линии и бели точки на нокотот можат да бидат сигурен знак дека Вашиот организам има дефицит од одредени витамини и минерали. Не често станува збор и за хормонално пореметување. Ноктите кои во пределот на коренот се матно бели, а целиот нокот е со темна боја укажуваат на потенцијална бубрежна дисфункција.

Очи

Боја – погледнете се во огледало и обратете внимание на изгледот на Вашите очи. Доколку белката на окото има жолтеникава боја тоа преставува сигурен знак дека предолго сте изложени на сонце или пак потенцијална опасност од херпеси, па и заразни инфекции.

Кожа

Пеги – При туширање погледнете си ја кожата, особено обратете внимание на пегите, младежите и раните кои тешко заздравуваат. Ова е многу важен само преглед особено во летниот период кога заради УВ зрачењето може да дојде до одредени проблеми. Имено доколку забележите дека на младежот има црвени или бели дамки, чиј пречник е поголем од 3 милиметри, веднаш закажете преглед на дерматолог. Истото сторете го во случај на крвавење или чешање на младежите или пегите.

Коски

Вежба – Здравјето на коските и зглобовите можете да го проверите со едноставен тест. Пробајте да се свиткате и да ги допрете прстите на нозете. Ако не успевате од неколку пати, тогаш постои можност дека имате крути артерии кои се предзнак за артритис и остеопороза. Доколку при истата вежба почувствувате пецкање во пределот на вратот тогаш сигурно имате некој проблем со Вашиот рбетен столб.

Коса

Влакна – Пројдете неколку пати низ косата (која не е миена 2 дена ) со четка за коса, а потоа погледнете колку влакна Ви отпаднале. Нормално е појавата, во еден ден оф главата да отпаднат околу 100 влакна. Доколку имате впечаток дека губите многу повеќе влакна или доколку влакната Ви паѓаат во прамени ВЕДНАШ посетете лекар.

Напиши коментар