Motherhood

„Работното време“ на мајките трае 24/7 !!!

Кога ќе станат мајки, жените повеќе немаат време да си се посветат. Слободното време кое порано го трошеа само за своите потреби, откако ќе станат мајки, го посветуваат исклучиво на децата.

Студиите покажуваат дека тоа не било случај пред неколку децении бидејќи самиот ритам на животот бил побавен, така што жените во седудесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, мајчинството го доживувале полесно.

Денешните мајки, мораат да  „ жонглираат “ помеѓу работните и мајчинските обврски, а време за себе, речиси и немаат. Дури и без оглед на тоа, 88% чувствуваат грижа на совест и сметаат дека не поминуваат доволно време со нивните малечки.

Истражување на британски психолог, кое вклучува 1000 мајки, покажува дека 1/3 од жените сметаат дека имаат помалку време за себе, отколку нивните мајки, кога биле на нивна возраст. Стручњаците прецизмо пресметале дека мајките, дневно си се посветуваат само 26 минути, односно три часа неделно.

Освен тоа, 64% од мајките сметаат дека најголем „ виновник “ за недостакото на слободно време е нивната работа, а 1/3 признаваат дека живеат под хроничен стрес во настојувањето да бидат добри мајки.

Просечната вработена мајка во Европа, на своите малечки им посветува 81 минута од своето време, секојдневно, додека мајките кои не работат, на своите малечки им посветуваат 2,5 часа секој

Write A Comment