Не можеме да кажеме дека ракавиците се вратија, како што е тоа случај со брошевите, бидејќи се тие неопходни секоја зима. Но, оваа сезона, ракавиците се долги, елегантни, со реси или украси од крзно, од превртена кожа, луксузни и гламурозни и апсолутно е невозможно да ја замислите зимската дамска комбинација без нив.
Носете ги со вашиот омилен џемпер, не мора секогаш да одговараат на палтото и да се сосем различна боја од целосниот аутфит повторно нема да погрешите додека се доволно впечатливи.