Неодамна во Њујорк, за време на презентацијата на неговата машка колекција за есен 2016, Ралф Лорен изјави дека негова цел е да ги покаже мажите во едно сосема поинакво светло, со проширени хоризонти кога станува збор за модата и промени во перцепцијата. Дека не е само смокингот пример за елеганција, дизајнерот успешно ни докажа во неговата колекција READY TO WEAR PURPLE LABEL, есен 2016.